Фудбал
Алегри седнува на клупата од Наполи?! – Елмас добива нов тренер?!
Медиумите шпекулираат дека Елиф Елмас ќе добие нов тренер. За сега овие информации ниту се потврдуваат ниту пак се отфрлаат како не точни.
Масимилијано Алегри нема работа откако го напушти Јувентус, но и понатаму се поврзува со многу клубови, а според најновите шпекулации би можел да седне на клупата на Наполи, каде што настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Алегри вчера на „Сан Сиро“ го гледаше мечот меѓу Милан и Наполи (1-1), па според Италијанецот, тој имал преговори со претседателот на тимот од Неапол, Аурелио де Лаурентис.Искусниот стратег претходно со Јувентус освои пет титули во Серија А, една со Милан, а има освоено и четири италијански Купа, како и четири Суперкупа на Италија.