Connect with us

Фудбал

Политиката победи: Чиле го прекина првенството и прогласи шампион

Фудбалскиот сојуз на Чиле реши да го прекине првенството на шест кола пред крајот и потоа го прогласи Универсидад Католика за шампион.

Сојузот ја донесе одлуката поради политичката и социјалната ситуација во државата. Големи немири има во државата, па за првпат во историјата беше прекинато првенството.

Титулата на крајот ја освои Унивесидад, кој беше убедливо прв на табелата, па така го освои 14. трофеј во историјата.