Фудбал
Гатузо со прва прес конференција – Елиф Елмас е во неговите планови
Гатузо на тренерската функција го наследува Карло Анчелоти кој вчеравечер доби отказ. Тој од вечерва е нов тренер на Наполи, објави на својот Твитер клубот од Неапол.
„Карло Анчелоти ми е како татко. Секогаш беше близок до мене и ме поддржуваше. Тој освои сè, а јас морам многу да напредувам. Првата цел е да почнеме да освојуваме поени и да се доближуваме до местото кое води во Лигата на шампионите. Срамотно е да се види Наполи на ова место на табелата. Јас не се плашам. Знам дека работам со искусни луѓе и сигурен сум дека можеме до посакуваниот резултат. Управата на Наполи има многу големи амбиции, поголеми отколку што се мисли“, вели Гатузо.
Претходно, 41-годишниот Гатузо беше преводник на Сион, Палермо, ОФИ, Пиза и Милан со кого минатата сезона го освои петтото место во Серија А и не се пласира во Лигата на шампионите.