Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Мбапе два пати тресеше мрежа – ПСЖ лесно помина против Сент-Етјен

ПСЖ славеше на гости кај Сент-Етјен (0-4) во 18. коло. Актуелниот шампион во Лига 1 одигра нов натпревар на кој повторно ја сочува мрежата недопрена.

Црвениот картон на Жан-Уде Ахолу во првиот дел од натпреварот, беше олеснување за противникот. Паредес пак претходно погоди за 0-1. Пред паузата, по долга акција гол постигна и Килиан Мбапе.

https://youtu.be/YiRwMaXrKhY

Во вториот дел од натпреварот Мбапе со вториот погодок на мечот стави точка на новата победничка вечер за ПСЖ во домашниот шампионат.