Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Влаховиќ ја израдува Фиренца во 92. минута!

Интер веќе не е на тронот, по вечерашниот натпревар против Фиорентина се најде на второто место од табелата. Не победија на тешкото гостување кај Фиорентина (1-1) во рамки од 16. коло. Сега со ист број на бодови првото место го делат кандидатите за титулата, Јувентус и Интер.

Валеро Борха ја донесе првата радост на Интер уште на самиот почеток од натпреварот, во 8. минута. Во знак на почит не се израдува и им се извини на навивачите на „Артемио Франки“.

Потоа мрежите мируваа се до крајот на натпреварот, кога во 90+2 Душан Влаховиќ  со прекрасна соло-акција и силен удар сo левата нога го шокира противникот и израмни (1-1).