Connect with us

Фудбал

Нови главоболки за Клинсман – следна недела има натпревар, а тој нема лиценца

Јирген Клинсмен со нови главоболки. Следната недела продолжуваат натпреварите во Бундеслигата, а тој нема лиценца за работа. Што ќе се случува со Херта, засега не се знае.

„Со голема почит кон Јирген Клинсман, доказ за тренерска лиценца ни недостига“, потврди Сојузот во соопштението.

Овој 55-годишен стратег ја презема Херта на крајот на ноември, а следниот викенд неговиот тим треба да игра против Баерн Минхен, но најверојатно Клинсман нема да може да го води клубот на тој меч.

Херта од пристигнување на тренерот освои 10 од можни 12 бодови и се зацврсти на место во средината на табелата.