Други спортови
Тешкашот издржа 30 секунди со Флојд во рингот: „Рече само да му ја донесам опремата“
Флојд Мејведер важи за еден од најдобрите боксери на сите времиња.
Со резултат од 50-0, Флојд ја завршија кариерата, но сè уште се шпекулира дека може да се појави на неколку натпревари за „големи пари“.
Иако не важеше за голем нокаутер, Флојд знаеше како да нокаутира, а неговиот пријател Димитри Салита откри дека во една прилика Мејведер нокаутираше тешкаш, човек многу поголем и повисок од него.
„После една од борбите на Флојд, се плеткавме во салата. Еден човек, од тешка категорија, дојде и викна: ‘Сакам да се борам со некого’. Зборуваше многу, а поради тоа што немаше тешкаш тука, Флојд рече да му ја донесам поремата. Влезе во рингот и по 30 секунди го сруши со удари во телото“, рече Салита.
Мејведер во својата кариера издвојува 27 победи со нокаут, но само на четири од последни 15 борби победи на тој начин.
Поголемиот дел од неговите победи со нокаут дојдоа на почетокот на одличната кариера која тој ја заврши во 2017 година по борбата против Конор Мек Грегор.