Connect with us

Фудбал

Абате: Милан е во крвта на Гатузо

Често може да се прочита низ дел од италијанските медиуми дека во Милан се размислува за неколку тренерски имиња кои би го наследиле Џенаро Гатузо на клупата на таа екипа, но, поранешниот фудбалер на Росонерите барем засега има голема поддршка од своите избраници.

Игнасио Абате, кој одигра 12 минути од пресметката во недела, тврди дека Милан е во крвта на неговиот тренер, тој додава дека Гатузо ги поседува сите квалитети во себе за да има одлична кариера како тренер.

„Тоа е во неговата крв, ова е неговиот дом и тој се грижи за иднината на клубот во своето срце повеќе од било кој друг. Тој е многу добро подготвен, знае како да го пренесе тоа што ние треба на натпреварите, тоа го прави на секој тренинг“ вели тој.

„Гатузо ги поседува сите квалитети во себе за да има одлична кариера, тимот покажа дека е обединет, сакаме на сите да им дадеме слика за тоа како работиме, со голем интензитет и професионализам, со тренер кој се чувствува како еден од нас“ заклучи дефанзивецот на Росонерите.

Извор: 24fudbal.com.mk