Connect with us

Фудбал

Абрамович ќе го донесе најголемото засилување во Челзи

Челзи има една од најлошите сезони зад себе, но навивачите очигледно нема многу да се грижат за иднината, бидејќи сопственикот наскоро ќе донесе едно од најголемите засилувања од неговото доаѓање.

Тоа е напаѓач на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, кој англиските медиуми го претставуваат како прва трансфер мета на Роман Абрамович за ова лето.

Се разбира, треба да се има предвид и Баерн, кој веројатно ќе се обиде со сите сили да го задржи својот 30-годишен напаѓач и ова лето.

Во моментов, не е познато колку рускиот милијардер има намера да одвои за полскиот напаѓач, но јасно е дека тоа ќе мора да биде огромна цифра.

Левандовски во текот на сезоната одигра вкупно 48 натпревари на сите натпреварувања и постигна 41 гол. Една од причините зошто Абрамович во голема мера го сака е дека двајцата напаѓачи на лондонскиот тим Алваро Мората и Оливие Жиру не се на завидно ниво кога формата е во прашање.