Connect with us

Фудбал

Абрамовиќ го губи трпението, последна шанса на Конте против Јунајтед

Серијата лоши резултати во лигата на шампионите и неодамнешните порази од Сити и Кристал Палас во премиер лигата, може да се очекува, Антонио Конте да добие отказ од сопственикот на клубот Роман Абрамович, пренесува британски Скај Спорт.

Состојбата на нарушени односи е по поразот во вторникот во Лигата на шампионите од Рома на гости со 3:0.

Почетокот на недоразбирањата почнаа околу статусот на Диего Коста, ланската сезона еден од најдобрите играчи и неговиот трансфер во Атлетико Мадрид.

Првакот Челзи по 10 кола се наоѓа на четвртото место на табелата со 19 бодови.

Во недела во Премиер лигата Челзи го пречекува Манчестер Јунајтед во дербито на колото.

Конте во тимот од Лондон дојде во 2016 година и во првата сезона ја освои шампионската титула.