Connect with us

Фудбал

Абрамовиќ лично интервенира во однос на трансферот на Азар

Челзи не е подготвен да се раздели со Еден Азар и тимот од Стемфорд Бриџ подготвува нов договор за Белгиецот.

Постојаните шпекулации за заминување на Азар од Челзи и очигледниот интерес од Реал Мадрид го притискаат Роман Абрамовиќ да ги зголеми примањата на Азар кои со новата соработка би пораснале на 320 илјади евра неделно.

Белгиецот неодамна изјави дека сака да остане во Челзи и дека неговата фамилија сакаат да останат во Лондон. Азар додаде дека премногу се зборува за Реал Мадрид и неговиот трансфер, но фактот е дека има уште две години на неговиот договор и е 100% сигурен дека ќе го испочитува.