Connect with us

Фудбал

Адеми не мрда од Динамо: Потпиша петгодишен договор

Аријан Адеми го исполни ветувањето кон навивачите на Динамо Загреб и го продолжи договорот со хрватскиот тим.
Летово имаше сериозен интерес за капитенот на „модрите“ од француски Лил, но понудата од пет милиони евра не беше доволна да го натера клубот да го продаде фудбалерот. Напротив, го мотивираше Динамо да му понуди нов договор, кој Адеми радо го прифати.

„Пресреќен сум што потпишав нов договор, се покажа дека има голема љубов помеѓу мене и клубот. Динамо беше до мене кога ми беше најтешко, па ни за момент не се двоумев. Веднаш знаев дека ќе го продолжам договорот, не се ни поставуваше прашање. Сакам тука и понатаму да освојувам трофеи и да играм во Лигата на шампиони. И понатаму во секој момент ќе го давам максимумот, ќе се обидам да го држам Динамо на високо ниво“, изјави Адеми на денешната прес-конференција во клупските простории.

Динамо денеска промовираше и нов фудбалер, Бруно Петковиќ, кој се враќа во Хрватска од екипата на Болоња.

Извор: Спорт 1