Connect with us

Фудбал

Адидас му се закани на фудбалерот на Барселона: Мораш да ги носиш нашите копачки

Германскиот производител на спортска опрема Адидас го тужи фудбалерот на Барселона Рафиња поради не почитување на договорот.

Фудбалерот на каталонскиот тим имаше договор со Адидас, но сметаше дека тој истече, па оваа сезона играше во „Mizuno“ копачки

Адидас одлучи да го тужи поради тоа. Сакаат тој да го почитува договорот и да носи копачки и опрема од овој производител затоа што во спротивно ќе се соочи со казна од милион евра.

Судот во Амстердам кој е задолжен за овој случај, му наложи на Рафиња дека мора да плати 10.000 евра за секој ден кога ќе одбие да се држи до договорот, а максималната казна е милион евра.

Рафиња моментално е надвор од теренот поради тешка повреда на лигаментите. Долго време нема да биде на теренот, а се одлучи да го избегнува Адидас поради тоа што не му упатија поддршка после две тешки повреди кои ги имаше претходно.

Меѓутоа, самоволно не може да го раскине договорот, а на крајот добро поминал затоа што Адидас бараше казна од 100.000 евра за секој ден кога нема да го почитува договорот.