Connect with us

Фудбал

Адријано: Милан е опасен, но сепак Интер е Интер

Адријано во интервју за La Gazzetta dello Sport, го коментираше и односот што една од ѕвездите на денешницата го покажа кон него.

– Дали го видовте Турам ова лето? Ве смета за идол, носи дрес со бројот 10 и името „Адријано“, прашаа новинарите.

„Не сум го видел, но убаво е да се биде инспирација за толку важен напаѓач. Играв против неговиот татко, каков дефанзивец! Сега му посакувам да постигне многу голови за мојот Интер“.

– Кој го добива дербито?

„И покрај тоа што сите велат дека сме фаворити, не треба да бидеме под влијание. Можеби сме, но Милан е опасен. Сепак, Интер е секогаш… Интер“.