Connect with us

Фудбал

Адвокат по трет пат ја напушта холандската репрезентација

Дик Адвокат потврди дека нема да продолжи да соработува со Холандската фудбалска асоцијација по истекот на договорот на крајот од месецот по пријателските натпревари со Шкотска и Романија.

– Пред мене се последните два натпревари. Го напуштам националниот тим. Досега на никој не кажав дека си заминувам од репрезентацијата, па не сум преговарал со други клубови. Размислувам само на претстојните два натпревари, а потоа ќе видиме што понатаму, рече Адвокат.

Тој во мај го наследи отпуштениот Дани Блинд, но со четири победи од пет меча не успеа да ја однесе Холандија на Светското првенство во Русија.

Во текот на својата долга тренерска кариера Адвокат беше селектор и на Белгија, Србија, Јужна Кореја, Русија, Обединетите Арапски Емирати, а беше тренер во ПСВ Ајндховен, Глазгов Ренџерс, Борусија Менхенгладбах и Сандерленд.