Connect with us

Тајмаут

Африканците предизвикаа нов метеж: Можете ли да верувате дека овој фудбалер има 26 години? (ФОТО)

Африканските фудбалери и нивните години се честа тема меѓу фудбалските фанови, бидејќи речиси секојдневно сме изненадени од податоците за возраста на поединечни играчи од овој континент. Последниот во низата вакви случаи е оној на Дејвид Багул, чии фотографии стануваат вирални на социјалните мрежи како Твитер, откако потпиша договор со тимот на Вакисо Џајантс.

Станува збор за клуб од Уганда, од каде што доаѓа и Багул, кој е претставен како 26-годишен кој покрива позиции во средниот ред. Сепак, врз основа на неговиот изглед, многумина не веруваа дека Багул е навистина роден во 1998 година, но неговата документација ги поминала сите потребни проверки во Африка и тој бил регистриран како 26-годишник.