Connect with us

Фудбал

Агентите на Агуеро контактирани, Аргентинецот се враќа таму каде што започна

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро може да го напушти Манчестер Сити ова лето.

Иако тој е обврзан со Граѓаните уште две години, Марка тврди дека претставниците на Атлетико Мадрид почнале да преговараат со агентите на Агуеро за можниот трансфер во овој клуб.

Овој потег од челниците на Мадридскиот клуб веројатно значи дека тие се помирија со заминувањето на францускиот напаѓач Антоан Гризман, а навивачите најверојатно ќе се смират со доаѓањето на фудбалерот кој го сака и ценат сите во Мадрид.

Агуеро ја започна својата кариера во 2006 година во Атлетико. Тој пристигнал од аргентинскиот Индепендиент за 22 милиони евра, а „јорганџиите“ ги напушти пет години подоцна и потпиша за Сити.

Сепак, се повеќе и повеќе се зборува за неговото заминување од клубот, а тоа конечно може да се случи ова лето.

За време на неговиот петгодишен престој во Атлетико (2006-2011), Агуеро постигна 101 гол во 234 натпревари.