Connect with us

Фудбал

Агентот на Куртоа апелира до Челзи: Понудата на Реал е тука, пуштете го

Белгиецот Тибо Куртоа е одлучен во својата намера да го напушти Челзи.

Чуварот на мрежата на Челзи веќе некое време се наоѓа на радарот на неколку клубови, од кои нај упорен е Реал Мадрид, меѓутоа Лондонскиот тим не попушта кога е во прашање евентуален трансфер.

И самиот Куртоа сака да оди во Реал потврди неговиот агент, апелираше до челниците на Челзи дека трансферот е најдоброто решение.

„Куртоа јасно стави до знаење дека за него најдобра опција е да премине во Реал. Ова е голема одлука за него затоа што сака да биде блиску до семејството, а тука е и понудата која Челзи треба само да ја прифати“, изјави Кристоф Хенротај и додава:

„Челзи би можел да добие чесна оштета за него и да доведе замен. Или следното лето секако ќе мора да донесе замена, а Куртоа ќе замине без оштета“.

Куртоа е член на Челзи од 2011. година.