Connect with us

Фудбал

Агентот потврди: Некогашниот шампион на Европа му понуди договор на Болт

Усаин Болт одлучи да се посвети на фудбалот после успешната кариера во атлетиката.

Моментално настапува во Австралија, но не е исклучено да настапува во еден од славните европски клубови.

Агентот на Болт за „ESPN“ кажа дека на неговиот клиент две годишен договор му понуди еден од европските великани. Не беше директен, но веднаш можеше да се претпостави дека станува збор за Милан!

„Клуб од Европа му понуди две годишен договор на Болт. Клубот има нови сопственици кои имаат амбиции да играат во Лигата на шампионите“, кажа неговиот агент за „ESPN“.

Ако некој како Милан му понуди договор на Болт, тогаш подобро ништо да не пишувам. Но, тука има интересни работи кои се поврзуваат, затоа што Пума е спонзор на Болт, а воедно е спонзор и на Росониерите и на Борусија Дортмунд каде што Болт беше на проба.