Connect with us

Фудбал

Агуеро не сака да го продолжи договорот со Сити

Најефикасниот фудбалер во историјата на Манчестер Сити, Серхио Агуеро има желба кариерата да ја продолжи во родната Аргентина во клубот Индепендиенте.

Договорот со Манчестер Сити му истекува во 2019 година и во моментов не размислува на негово продолжување, како ни прифаќање на понудите кои ги најавија Милан и Реал.

– Слушнав дека Милан и Реал ме бараат, не знам каде прочитав, но се сеќавам дека е напишано. Но, мојата желба отсекогаш била да се вратам во Индепендиенте по завршувањето на договор истекува со Сити. Имам опција да ја продолжам соработката со сегашниот клуб на уште една година, ама тоа за сега останува само можност. Сега фокусиран сум на тоа да освојам повеќе трофеи, нагласи Агуеро.

Аргентинецот на „Етихад“ пристигна во 2011 година од екипата на Атлетико Мадрид за 35 милиони фунти и оттогаш постигна 178 голови за „граѓаните“.