Connect with us

Фудбал

Агуеро поради Меси ги одбиваше Французите: „Збогум и пријатно“

Лионел Меси е под жесток удар од француските медиуми по натпреварот против Реал Мадрид.

Најдобриот светски фудбалер го промаши пеналот, а бројни медиуми и навивачи жестоко го нападнаа поради слабата игра на теренот.

Сепак, еден од неговите најдобри пријатели Серхио Агуеро смета дека Лео одигра одличен натпревар.

„Играше добро. Не го велам тоа дека сум негов пријател, беше многу добар, активен. Штета поради промашениот пенал, но по него одигра одлично“, изјави Агуеро.

Поради нападот врз Меси, Агуеро откажа интервјуа за француските медиуми.

Францускиот печат „го убива“. Имав закажано интервју за еден француски магазин, но го откажав. Реков: ’Не затоа што го поддржувам Меси’. Точка. Збогум и пријатно. Исклучително сум лут“, рече Агуеро.

Агуера и Меси имаат одлично пријателство, па не е ни чудо што неговиот сонародник застана во одбрана на својот добар пријател.

Серхио неодамна ја заврши кариерата поради проблеми со срцето, а последен клуб му беше Барселона, каде пристигна само како замена за Меси кој замина во ПСЖ.