Фудбал
Ајакс со необична забрана за навивачите, очигледно претерале
Холандскиот гигант Ајакс воведе необична забрана за своите навивачи. Клубот од Амстердам одлучи да им забрани на навивачите да носат писмени пораки на стадионот во кои бараат дресови од играчите за време на натпреварот.
Така, од новата сезона нема да има бројни пораки што навивачите ги испраќаат до фудбалерите на „Јохан Кројф Арената“. Тоа беа главно пораки со барање дресови на крајот од натпреварот.
Од Ајакс тврдат дека решиле на овој начин да ги заштитат играчите кои често се критикувани дека не му го дале дресот на некој од навивачите.
„Веќе не е можно играчите да ги исполнат сите барања. Секогаш кога поминувале покрај навивачите без да им дадат дрес, често биле критикувани и етикетирани како арогантни“, објави холандскиот клуб.
Ваквите пораки станаа многу чести на трибините. Претежно ги држат млади навивачи, па фудбалерите често се наоѓаат во незавидна положба кога на трибините ќе се најдат пораки со барање за дрес.