Connect with us

Фудбал

АЈНТРАХТ ГО УЦЕНИ РЕАЛ! Бараат 100 милиони евра за Лука Јовиќ

Додека трае неизвесноста дали Лука Јовиќ ќе направи голем трансфер од Ајнтрахт до Реал Мадрид, како што се пишуваше претходната недела, младиот српски фудбалер изјави дека сака да замине во Италијанската Серија А или Англиската Премиер Лига.

Иако речиси сите шпанските медиуми веќе го преселиа 21-годишниот голгетер во најуспешниот клуб на Европа за 60 милиони евра, работата се уште не е официјализирана и на тој начин, во трката се приклучуваа клубови од Премиер Лигата и Париз Сен Жермен, пренесува „Билд“.

Ајнтрахт сега сака 100 милиони евра, Реал е подготвен речиси двојно помалку да понуди, па дојде до застој, но и Јовиќ прозбори за неговата кариера.

„Врз основа на моето искуство, јас би рекол дека други лиги подобар би ми одговарале. По завршувањето на натпреварот против Челзи и Интер се чувствувам дека можам да бидам одличен во Премиер лигата или во Серија А. Играта таму ми одговара“ рече Јовиќ.

Неговиот менаџер, Фали Рамадани, покрај преговорите со Реал, го понудил Јовиќ на англиските клубови и ПСЖ, ги разгледува сите опции. Јовиќ даде 27 гола на сите натпреварувања оваа сезона, привлекувајќи внимание на цела Европа, при што Барселона се откажа штом ја научи цената на потенцијалниот трансфер.