Connect with us

Фудбал

Пионерите на Академија Пандев го освоиа Купот на Македонија

На денешниот натпревар од финалето на Купот на Македонија од категоријата пионери, Академија Пандев го совлада Вардар со резултат од 1:0.

Пионерите покажаа дека имаат одличен кадар, одлична игра покажаа и двете страни се додека на само 3. минути до крајот во 77. минута, Никола Тасев го постигна победничкиот гол за Академија Пандев.

По голот на Никола Тасев екипата на Вардар имаше неколку шанси за многу кратко време, но ни една не успа да ја затресе мрежата ан Академија Пандев. 

Финалниот натпревар од Купот на Македонија (Пионери) се играше на стадионот Билјанини Извори.