Connect with us

Фудбал

Академија Пандев ја освои Битола – Пелистер последен на табелата

Силен дожд неколку часа пред почетокот на натпреварот под Тумбе кафе каде попладнево се сретнаа Пелистер и Академија Пандев направи теренот да биде влажен, а условите оптимални. Последните промени на тревникот направија тоа да не биде проблем да се одигра натпреварот.

Иако Пелистер денеска не смееше да има кикс, сепак уште во 4. минута гостите успеаа да донесат водство под Туме кафе. На само една минута пред водството и првиот удар од аголот од левата страна Пелистер пропушти одлична шанса за погодок.

Академија Пандев во 4. минута преку зицер и перфектна контра на Атанасовски донесе водство. Во 26. минута Борче маневски имаше одлична шанса за погодок, но ударот беше малк.

32. минута по полемичен пенал кој го доби Пелистер успеа да израмни на 1:1. Ова можеби беше и клучниот момент во целиот денешен натпревар.

До крајот на првиот дел немаше по значајни акции на двете екипи.

На самиот старт на второто полувреме исто како и на првото Академија Пандев со мудра и ефикасна игра веднаш поведе и постигна гол со што резултатот беше 1:2. Избраниците на Хусеин како да немаа идеа како да се заштитат и направат акција, па следуваа и измени во тимот на Пелистер, а поцна и во екипата на Академија Пандев.

„Пандевци“ при крајот на натпреварот успеаа да постигнат уште еден гол, со што Пелистер на домашен терен падна на колена. Пелистер моментално е последен на табелата од ПМФЛ.