Фудбал
Академија Пандев му врачи отказ на тренерот Стојчев
Струмичкиот фудбалски прволигаш Академија Пандев вечерва го отпушти тренерот Ѓорѓи Стојчев.
Струмичани денес во натпревар од 6.коло на свој терен загубија од Струга ТЛ со 3:0.
На официјалниот клупски Фејсбук стои: „Ти Благодариме Стојчев“.
На првите пет настапи во тековната сезона, Академија Пандев освои седум бодови и е на петтот место.
Академија Пандев во сезоната 2022/23 влезе со поголеми амбиции од сегашниот ефект – помалку од 50 отсто освоени бодови.