Connect with us

Фудбал

Академија Пандев поуспешна од Победа

Во рамките на 32. коло од првата македонска фудбалска лига, екипата Академија Пандев на домашен терен ја совлада екипата на Победа со 1:0.

Стрелец на единствениот погодок за Академија Пандев беше Балдовалиев кој уште во 2. минута ја затресе мрежата на Победа, и донесе нови три бода за својот клуб.

Победа се обидуваше на секој можен начин да стигне до погодок, но сепак резултатот на оваа средба останува 1:0.

Академија Пандев со оваа победа вкупно има освоено 39 бодови, а Победа останува на 8. позиција на табелата со вкупно 32 освоени бодови.

Во моментов се играат и останатите средби од 32. коло од првата македонска фудбалска лига.