Фудбал
Ако капитенската лента која ја фрли Роналдо се продаде за 64 илјади евра, за колку ли ќе „отидат“ копачките?!
Пред само неколку дена капитенската лента која ја фрли Кристијано Роналдо по мечот Србија-Португалија (2:2), откако не му беше признаен чист гол, беше продадена за 64 илјади евра. Капитенската лента ја купила обложувалницата „Моцарт“, а парите одат во хуманитарни цели, односно за лекување на шестмесечното бебе Гаврилo.
Сега, на аукција ќе бидат ставени и копачките на фудбалерот на Србија, Митровиќ. Практично тој ја исфрли топката од зад гол линијата, а судиите не „видоа“ чист гол. Ако капитенската лента е продаден за 64 илјади евра, за колку ли ќе „отидат“ копачките на Митровиќ?
Исто така парите од продажбата на овие копачки ќе одат за лекување за шестмесечниот Гаврилo.