Connect with us

Фудбал

Ако не го сакате Игуаин, не може ни Ругани

Лондонски Челзи сериозно е заинтересиран да го доведе во своите редови дефанзивецот на Јувентус Даниеле Ругани.

Интересот на „Плавите“ за 23-годишниот стопер на „Старата дама“ е навистина огромен и тој е главна желба на новиот менаџер на тимот Маурицио Сари.

Челзи е подготвен да му понуди двојно поголема плата од онаа која ја заработува во Јувентус, но Јуве на сака ни да слушне за продажбата само на овој фудбалер. Јасно му порачаа на Челзи: Ако не го сакате Игуаин, не може ни ругани.

„Бјанконерите“ сакаат да се ослободат од Аргентинецот и од неговиот договор кој „тежи“ осум милиони евра по сезона. Тој веќе не е во прв план и шампионот на Италија сака да се ослободи од него.

Сега се останува на Челзи. Мораат да ја донесат конечната улога, а со оглед на фактот дека му фали и напаѓач, можеби оваа понуда и не е така лоша за лондонскиот клуб.

Покрај Челзи, Игуаин се поврзува и со Милан.