Connect with us

Фудбал

„Ако не продолжи Серие А, ќе има трета светска војна“

Стравот од коронавирусот во Италија е голем. Но, се чини како одминува пандемијата, сега има страв од друго,  тоа е дали ќе продолжи Серие А или не. Колку стравуваат фудбалерите од вакво нешто, доволно зборува изјавата на Макси Лопез, фудбалер на Кротоне.

-Дколку Серие А не продолжи ќе има трета светска војна. Не смеам ниту да помислам дека ќе може да се случи француско сценарио. Еве, погледнете претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, според него беше можно да се игра и пред еден месец, вели Макси Лопез.