Connect with us

Фудбал

Ако ова се случи ќе има „земјотрес“ во Европа-УЕФА на две години ги исфрла Барселона, Реал Мадрид, Јувентус и Милан од ЛШ?!

Идејата за формирање на Суперлигата, која се уште трае, но не се реализираше, може да има ново продолжение. Одлуката на УЕФА за клубовите одметници треба да ја соопшти кон средината на месец мај. Но, угледниот „ЕСПН“ објавува дека постои голема веројатност да бидат изречени казни односно суспензии. Наводно, УЕФА планира да ги суспендира од Лигата на шампионите на две години Барселона, Реал Мадрид, Јувентус и Милан. Овие клубови се тие кои што останаа доследни на идејата за Суперлигата, иако Милан испрати соопштение дека засега се повлекува, но ја поддржува идејата.

Ако ова се случи, ќе има „земјотрес“ во фудбалска Европа.

 

Реклама

Facebook