Connect with us

Фудбал

Ако се утврди дека возачката е фалсификат, Енис Барди ќе помине со парична казна и забрана за возење?!

Шпанските медиуми попладнево објавија дека македонскиот репрезентативец и член на Леванте, го возел своето „Порше“ со фалсификувана возачка дозвола. Наводно тоа било откриено при рутинска полициска контрола, откако еден од полицајците ја проверувал возачката со УВ ламба, а при што недостасуваче безбедносните кодови кои требало да се појават на ултравиолетово светло. Сепак Барди преку неговиот твитер профил објави дека возачката дозвола е валидна и дека ја извадил во Македонија, издадена од МВР. Целиос случај сега го презема судот, а доколку биде утврдено дека е фалсификат, Енис Барди ќе добие парична казна и ќе има забрана за управување со моторно возило неколку месеци, а можеби и повеќе, пишуваат тамошните медиуми.