Connect with us

Фудбал

Ако случајно се прашувате каде е Дилета вечерва … Таа е на Сан Сиро и секако дека изгледа прекрасно

Италијанската Серија А се приближува кон крајот, но нема недостаток на возбуда на стадионите.

Борбата за Скудетото сè уште не е завршена, а можеби борбата за Европа ќе биде поинтересна. И сега веќе е јасно дека местата во Лигата на шампионите ќе ги обезбедат Јувентус, Аталанта, Лацио и Интер, но борбата за петтото и шесто место меѓу Рома, Наполи и Милан е неминовна.

Затоа Милан, кој навистина игра препородено по продолжението на лигата, мора да слави вечерва против Болоња на својот „Сан Сиро“ и секако без публиката.

Но, ако ништо друго, на играчите, како на домашната така и на гостинската екипа, нема да им недостасува мотивација. Имено, Дилета Леота вечерва известува од Сан Сиро за „ДАЗН“, така што присутните на стадионот веќе можеле да ја видат на теренот.

Сите други имаат среќа што Дилета активно ги користи социјалните мрежи, па објави неколку снимки и фотографија од Сан Сиро, додека чека да започне натпреварот Милан – Болоња.