Connect with us

Тајмаут

Е ова е романтичар, Томас Милер и купил на сопругата авион вреден 2,4 милиони евра, иако нема пилотска дозвола

Легендарниот фудбалер на Баерн Томас Милер на својата сопруга Лиза и купил многу посебен подарок – авион.

Овој спектакуларен подарок од нејзиниот сопруг треба да биде поттик што поскоро да ја добие пилотската дозвола, со оглед на тоа што моментално ја нема, но на почетокот на годината почнала со часови по летање. Како што пренесува „Бунте“, Милер купил авион Пилатус ПЦ-12/45, произведен во 2004 година, кој чини околу 2,4 милиони евра. Авионот е долг 14 метри и нуди простор за двајца пилоти и осум патници.

Инаку, според информациите на Билд, Лиза наскоро би требало да добие лиценца за хеликоптер, а подарокот на Томас дошол во тенки бои додека со месеци се шират гласини дека нивниот брак е во криза. Фудбалерот на Баерн дури и престана да ја следи сопругата на Инстаграм, но по мечот со Барселона во Лигата на шампионите ги покажа копачките на кои беше испишано нејзиното име. Милер сега јасно испрати уште еден јасен сигнал дека се е во ред меѓу нив двајца и дека ќе останат заедно.