Connect with us

Фудбал

Алаба му рече не на Баерн, а понудена му беше огромна цифра

Хасан Салихамидиќ спроведе нова рунда преговори со дефанзивецот Давид Алаба.

Баерн очајно сака да го задржи играчот во своите редови. Хасан Салихамиџиќ преговараше со Алаба и неговиот агент во Лисабон, но сè уште нема договор.

Пред Алаба беше ставен нов договор вреден 15 милиони евра по сезона. Сепак, Австриецот смета дека вреди повеќе и решил да ја одбие оваа понуда на Баерн.

Она што Алаба и неговите агенти го поставија пред оваа раководството на Баерн е бројка од 20 милиони евра годишно. Сепак, засега, баварскиот гигант не е подготвен да понуди толку пари, така што се отвора можноста за негово напуштање на клубот.

Бројни клубови веќе го чекаат исходот. Австриецот е поврзан со голем број клубови, меѓу кои и Манчестер Сити, ПСЖ, Барселона и Реал Мадрид.

Сигурно е дека Баерн ќе стори сé за да го задржи Алаба и ќе видиме дали ќе успеат во тоа.