Фудбал
Албанецот можеше да ја уништи Барселона, но го промаши невозможното, по мечот соиграчите го тешеа (ВИДЕО)
Барселона и Интер во фантастичен меч одиграа 3:3 на „Камп Ноу“. Овој резултат секако повеќе им одговара на Италијанците кои се наоѓаат на една победа до осминафиналето, а Барса е пред елиминација. Но, уште синоќа Интер можеше да ги реши сите дилеми, но фудбалерот со Албанско потекло, Аслани длабоко во судиското продолжение не успеа да погоди од идеална позиција, кога излезе сам со голманот Тер Штеген. Аслани „изгоре“ во желбата за гол, а на другата страна го имаше сам Михтаријан.
Сепак, во фудбалот и тоа се случува, па соиграчите по мечот го тешеа, прво Дамброзио, а потоа и Един Џеко. Очигледно беше разочарувањето на Аслани.