Албански боксер уапсен во Германија и екстрадиран во Грција!
Редакција19 дек 2024

Фото: tv21m
Албанскиот боксер Флоријан Марку е уапсен во Германија и екстрадиран во Грција, откако бил баран за инцидент што се случил пред седум години во Солун.
Тој се товари за убиство во обид (ранување) и недозволено поседување оружје. Претходно Марку беше осуден за овој инцидент и одлежа 1,5 година затвор во Солун.
Според него, инцидентот се случил во кафеана со некои руски државјани.
Марку (32) е познат на меѓународната сцена, со успешна боксерска кариера. Тој е професионален боксер и поранешен кик-боксер, роден е во албанскиот град Љушња, а живеел во Германија.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



