Connect with us

Фудбал

Алегри ги шокираше сите: „Интер е шампион“

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри синоќа по натпреварот со Аталанта во Бергамо (1:1) призна дека „Старата дама“ нема премногу шанси да ја освои титулата оваа сезона.

„Бјанконерите“ моментално се четврти на табелата во Серија А со 46 освоени бодови. Водечкиот Милан има девет бода повеќе, Интер осум, а Наполи седум.

Алегри не го гледа својот тим на тронот на крајот од сезоната, а според него титулата повторно ќе ја преземе Интер.

„Кој ќе го освои шампионатот? Интер. Тие го имаат најсилниот тим со сета почит кон Милан и Наполи. Моментално се подобри од нас, најмногу благодарение на фактот што загубивме многу бодови на отворањето на сезоната. Ако имавме најмалку четири бода повеќе, вистинска забава ќе се случуваше на врвот“, изјави Алегри.

Тренерот на торинскиот гигант истакна дека неговиот тим ќе размислува за освојување на четвртата позиција која води во Лигата на шампионите и дека тоа е целта на клубот за оваа сезона.

Да потсетиме, минатата година Јуве играше очајно и едвај успеа да стигне до најелитното европско натпреварување на крајот од сезоната.