Connect with us

Фудбал

Алегри го потврди заминувањето на играчот од средниот ред: „Повеќе не е во тимот“

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри денеска потврди дека играчот од средниот ред Арон Ремзи го напушта клубот.

31-годишниот фудбалер веќе подолго време се поврзува со заминување од Торино, а Алегри потврди дека ќе го напушти клубот следната недела.

„Арон не е со тимот и е подготвен да го напушти клубот“, изјави Алегри.

Велшанецот го напушта Јувентус по три години во кои одигра 70 натпревари со шест постигнати голови.

Засега не се знае каде ќе ја продолжи кариерата. Речиси сигурно тоа ќе биде англискиот премиерлигаш и наскоро ќе биде познато името на клубот.

Ремзи најголемиот дел од кариерата, 10 години, го помина во Арсенал, а играше и за Кардиф и Нотингем Форест.