Фудбал
Алегри изрази голема почит кон Мурињо
Дербито од 8. коло во италијанската Серија А ќе се одигра вечерва од 20:45 часот помеѓу Јувентус и Рома.
Јувентус врза три победи во Серија А и успеа да се врати на врвот на табелата, но сепак има 10 бода помалку од водечкиот Наполи. Старата дама има четири бода помалку од Рома, која во моментов е четврта.
Јуве нема да има лесен натпревар против гостите од Рим и Алегри е свесен за тоа, особено сега кога „Волчицата“ од клупата ја предводи „стариот лисец“ Жозе Мурињо.
„Мурињо е тренер што многу го почитувам. Се работи за неговиот карактер. Од време на време го прави она што го правеше во Манчестер Јунајтед пред неколку години. Овој гест со ушите, што го направи пред извесно време, беше по еден од најубавите натпревари на Јувентус. Сепак, никој не се сеќава на тоа, бидејќи тогаш загубивме. Задоволен сум што тренер како него се врати во Италија“, рече Алегри на прес-конференцијата пред натпреварот.
„Јувентус – Рома отсекогаш бил голем натпревар која честопати бил контроверзен. Сега таму го има Жозе Мурињо, кој им даде карактер. Моментално се пред нас на табелата и затоа мора да освоиме бодови за да не заостануваме премногу зад најдобрите во лигата“, додаде Алегри.
Настапите на Пало Дибала и Алваро Мората се под знак прашалник, а она што исто така го загрижува Алегриа е фактот дека некои играчи, особено оние од Јужна Америка, се уморни и прашање е како ќе одговорат по напорните патувања и натпревари за националните тимови.