Connect with us

Фудбал

Алегри: Ќе ми биде големо задоволство да го тренирам Роналдо

Тренерот на „Старата дама“ Масимилиано Алегри кажува дека „Старата дама“ повеќе нема да носи нови играчи.

Јуве го донесе Кристијано Роналдо Жоао Канцело, се врати Леонардо Бонучи, па се чини дека сега тимот кој го води Алегри и со кој сака да освои нова титула е комплетен.

„Клубот го направи она што мораше да го направи. Уште потписи? Веќе сме конкурентни и со нетрпение чекаме да почне сезоната и сите да се собереме“, рече Алегри.

„Ќе ми биде задоволство да го тренирам Роналдо, тој со Меси се најдобрите на светот. Со доаѓањето на Бонучи имаме пет играчи на две позиции“.

„Ова ќе биде тешка сезона, така да сите ќе ни бидат потребни. Некои млади играчи покажаа добра игра во САД, така да и тие би можеле да добијат простор во првиот тим“ тврди Алегри.