Connect with us

Фудбал

Алегри му одржа лекција на Влаховиќ

Светлото што го запали Душан Влаховиќ со доаѓањето во Јувентус во петокот беше изгаснато, барем на кратко.

Влаховиќ ја одигра најслабата партија од доаѓањето во торинскиот гигант и загуби во дуелот со Бремер кој беше феноменален.

Бразилскиот стопер го држеше во рака српскиот напаѓач, а Макс Алегри го извади тотално беспомошниот белграѓанец на 20-тина минути пред крајот.

По мечот Алегри му одржа лекција на Влаховиќ со порака дека е уште млад и дека треба многу да научи.

„Тој се бореше затоа што е добар играч, но треба да научи многу. Како и многу играчи. Требаше да го повлече Бремер по целиот терен бидејќи Бремер е многу силен во директните топки, но тој е помалку силен кога го водите по теренот“, рече Алегри.

Влаховиќ беше навистина одличен на воведните натпревари од неговото доаѓање во Јувентус, но натпреварот против Торино покажа дека се уште е потребен значителен напредок.

Тој ќе има шанса да се поправи во вторник кога Старата дама ќе гостува кај Виљареал во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

За потсетување, Јувентус одигра само 1:1 во градското дерби против Торино и си ја отежна борбата за пласман во Лигата на шампионите.