Connect with us

Фудбал

Алегри: Некој од клупата на Интер „ме шутна“

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри изјави дека некој од клупата на Интер „ме шутнал“ за да предизвика тепачка за време на финалето на Купот на Италија, но им честита на противниците за победата.

Алегри беше бесен во текот на целиот натпревар на стадионот Олимпико, а на крајот беше исклучен поради пресметката со помошникот менаџер на Симоне Инзаги, Масимилијано Фарис.

„Некој од Интер помина покрај мене и ме шутна. Се налутив и сосема со право судијата ме исклучи“, објасни тој за Sport Mediaset.

„Да дознаеме што се случило ништо не менува. Треба само да му честитаме на Интер за победата. Не освоивме ниту еден трофеј оваа сезона, тој гнев треба да го задржиме за следната сезона, кога мора да се вратиме на победите, вели Алегри.