Connect with us

Фудбал

Алегри: Нема да донесеме никој друг

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, изјави дека крајниот рок за лето е завршен за неговиот клуб.

Јуве веќе донесе повеќе од подобри засилувања како, Кристијано Роналдо, Леонардо Бонучи и Жоао Канчела, a тоа, според тренерот на Старата дама, е повеќе од доволно.

“Веќе имаме компактна екипа и нема потреба да носиме други. Добивме сè што баравме”, беше јасен Алегри, кој потоа додаде:

“Ние со нетрпение го очекуваме почетокот на новата сезона. Мотивирани сме и мислам дека овие засилувања ќе бидат погодок за нас”.