Connect with us

Фудбал

Алегри одлучи кои двајца ќе изведуваат пенали

Ако некој има проблем со изборот на играчи за изведување пенали или слободни во екипата, тогаш тоа е тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри.

И претходно Постоеше овој „проблем“ во Торино, но со доаѓањето на Роналдо на Алегри му е уште потешко да одбере кој ќе ги изведува пеналите и слободните удари, но успеа да пронајде некое Решение, барем за првиот „проблем“.

„Роналдо и Дибала се нашите изведувачи за пеналите. Слободните удари? Тоа е сериозен проблем, сега имам шест – седум играчи кои ќе бидат покрај топката кога ќе има прекин на опасната позиција во противничката половина“, кажа Алегри.

Покрај Роналдо и Дибала, за слободните удари тука би требало да биде и Мирелем Пјаниќ.