Connect with us

Фудбал

Алегри: Oстанувам во Јувентус, се разбира ако не ме отпуштаат

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, објави дека ќе остане во клубот следната сезона.

Седум години по ред на тимот од Торино ја освојува титулата во Серија А, а во последните четири години ја освои двојната круна. Јувентус, под водство на Алегри делува незапирливо за други клубови, но прашањето е дали ќе остане, бидејќи се поврзуваше со можен трансфер во Челзи, Арсенал и некои други тимови.

„Ако не ме отпуштат, ќе останам во следната сезона во Јувентус“, рече Алегри, додавајќи:

“Кога ќе завршиме со прославата, мораме да седнеме на маса со бистри глави, да ја испланираме иднината. Од следната сезона сите почнуваа од почеток, сите се конкурентни“.

Аллегри, исто така, го коментираше ремито вчера во Олимпик против Рома (0:0).

„Среќен сум дека момците веќе го завршија оваа поглавје и може да се одмориме. Беше тешко, мораме да го пофаламе Наполи, не се откажаа од титулата се до последниот ден”, изјави Алегри.