Connect with us

Фудбал

Алиоски: Треба да веруваме во себе и да одиграме на високо ниво

Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за контролните натпревари против Финска и Азербејџан кој ќе се одиграат на 17. и 20. ноември  на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Нашиот репрезентативец, Езѓан Алиоски смета дека иако натпреварите се пријателски ќе се обидеме да ги добиеме. Вели дека треба да веруваме во себе и да одиграме на високо ниво. Почит за фудбалерите кои дојдоа да ги одиграат овие два натпревари, затоа што не е лесно после голем број клупски мечеви да се остане на топ ниво.

„Не е лесно после сите мечеви кои ги имавме изминатиов период, уморни сме, но најважно од сè е да нема повреди. Овие пријателски мечеви се важни за нас, сакаме да победиме. Неважно е каков меч е, пријателски или квалификациски, секогаш сакаме позитивен резултат. Неважно е и на кој ранкинг сме, зашто денеска нема фаворити, туку само треба да веруваме во себе и да се трудиме секогаш да направиме подобри резултати, вели Алиоски.