Фудбал
Алиоски: Заслуживме еден бод, но не знам што ни се случи
Македонија загуби од Украина на вториот натпревар од Европското првенство со 2:1.
Езџан Алиоски кој за Македонија беше прецизен од пенал, по натпреварот изјави дека требаше повеќе да нападнеме и дека одигравме добро во второто полувреме.
„Одигравме две различни полувремиња, во првото им дадовме многу простор, не затворавме добро, им дадовме многу шанси да ни направат, слабо одигравме пресинг, не бевме агресивни. Можеби требаше повеќе да нападнеме, но се најдовме во два гола негатива и после такво нешто тешко е да го свртиме мечот. Но, во вториот дел игравме како што требаше да играме цел меч. Но, лесно е сега, таков е фудбалот, сѐ е во глава и во второто полувреме сакавме да го смениме пристапоит, станавме агресивни, трчавме, направивме шанси, но за жал дадовме само еден гол. Заслуживме еден бод, но не знам што ни се случи што вака не игравме од почеток. Знам имаме квалитет,но тој квалитет требаше да го покажеме од почеток, од прва минута да играме вака“, вели Алиоски.