Connect with us

Фудбал

Алисон: Салах ми испрати порака уште пред да дојдам

Бразилскиот голман Алисон Бекер од вчера и официјално е нов голман на Ливерпул.

Тој сега се придружи на неговиот некогашен соиграч во Рома Мохамед Салах кој зад себе има фантастична сезона и моментално е прва ѕвезда на клубот од „Енфилд“.

Алисон, по потпишувањето на договорот, кажа дека не се слушал често со Салах откако тој заминал од Рома, но дека размениле неколку пораки пред да се дојде во новиот клуб.

„Немавме многу контакти откако замина од Рома. Се сретнавме кога игравме еден против друг во Лигата на шампионите неодамна. Вчера ми испрати порака: „Еј, што чекаш?“. Тоа беше кога преговорите беа кон крајот, а јас му одговорив: „Смири се, на пат сум за таму!“.

„Навистина сум среќен што ќе имам шанса да играм со него. Покрај тоа што е фантастичен играч, тој има и добар карактер и навистина е одличен човек – а тоа е најважната работа. За мене е фантастично што секој ден ќе го поминувам со такви луѓе“ рече Алисон.

Алисон потпиша пет годишен договор, а Ливерпул му плати на Рома 75 милиони евра, со што Бразилецот стана најскапиот голман во историјата.