Connect with us

Фудбал

Аматеризам во Премиер лигата, клубот го промовираше играчот, менаџерот вели не важи

Паузата во Премиер лигата Ватфорд ја искористи да направи потег за наредната сезона. Го искористија тоа што на францускиот играч за врска му истекува договор со Авр, па Пепе Геј ќе биде засилување за иднината.

Само еден ден откако на официјалната интернет страница соопштија дека добиле засилување, стигна демант. Неговиот агент тврди дека ништо не е конечно и дека неговиот клиент во текот на летото може да потпише со било кој клуб.